Вести Македонија

Бранот на граѓани кои бараат пасоши станува „цунами“- се уриваат рекорди на закажување, додека системот повторно ќе биде пуштен на пауза

Наредните 4 дена повторно престои прекин во управните служби на МВР за издавање лични документи поради технички активности односно преместување на податоците на граѓаните. Од МВР велат дека има пасоши и лични карти има, а недостиг се појавува само за некои видови возачки дозволи. Но, редот е долг и поради огромниот интерес и барање за лични документи.

-Овој период секоја година (освен лани) е зголемен интересот на граѓаните за добивање на документи, а  оваа година  интересот е енормно зголемен, по олабавување на мерките против пандемијата, поради тоа што граѓаните во претходниот период не ги обновувале документите од причина што поради Ковид кризата границите беа затворени, па се случува сите оператори на надлежниот економски оператор да се зафатени, ни одговорија од МВР.

-Дневно, последните два месеца, мај и јуни, има по околу 3.000 телефонски јавувања и 1.000 електронски закажувања за лични документи, па за илустрација во текот на вчерашниот ден во Кол центарот се регистрирани 3.400 јавувања и над 1000 закажување преку интернет страната. Или, само во мај месец телефонски и електронски се закажани 65.000 лица, а само во месец јуни, заклучно со 22.06.2021 – 66.000 лица, не информираа од МВР.

-Со цел побрза услуга на граѓаните, продолжено е работното време и воведено е и работење во викенд. Секако, покрај на двата телефонски броја, граѓаните можат да закажат и на веб страната на МВР. Подолг е периодот за добивање термин за аплицирање само во Скопје, додека во останатите градови закажувањето е тековно, одговараат од Министерството за внатрешни работи.

Пасошките служби ќе треба да ги исполнат обврските кон граѓаните кои плаќаат за услугата, а има и стотици кои од дијаспората преку летото доаѓаат за да си извадат нов документ и кои мора да бидат услужени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе