Економија

Просечната нето плата во април 28.438 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари.

Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти.

Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 проценти), додека зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,3 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1 процент) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4 отсто), информира Заводот.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на март 2021 е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).

Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на март е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе