Вести Македонија

Скопјанец возел автомобил со 2,2 промили алкохол во крвта – полицијата сопрела 176 пијани возачи

2,2 промили алкохол во крвта – толку покажало апаратчето на полицајците кои синоќа го стопирале и побарале да измерат дали 50 годишниот скопјанец управува моторно возило под дејство на алкохол. Тој е рекордерот меѓу 176-те пијани возачи кои синоќа од 22 до 3 часот ги сопрела полицијата низ земјава. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и им се изречени санкции, велат од МВР. Синоќешната зајакната акциска контрола покажала и дека осум од нив, пак седнале зад воланот, иако веќе имале забрана да возат автомобил.

Најмногу алкохолизирани возачи полицијата сопрела во Скопје-44, во  Битола-24, Штип-18,  Охрид-17. Казните за управување на возило под дејство на алкохол се движат од 200 до 375 евра, а забраната за возачите да седнат зад волан, може да биде од 3 месеци до 1 година. Полицијата пак вчера само во Скопје изрекла и 203 сообраќајни казни, од кои 58 пак за брзо возење.

И додека службениците од МВР ноќеска имале полни раце работа, засилените контроли на пазарните инспектори покажуваат дека угостителите и гостите во нив се примерни. Не е изречена ниту една казна.

И ние имаме засилени контроли до 2-3 часот ноќе. Немаме изречено ниту една казна за новите протоколи или за прекршување на работното време. Дури некои локали затвораат и пред време – во 23 часот, вели Александра Котели, портпарол на ДПИ

И МВР и пазарната инспекција најавуваат засилени контроли и наредните денови. Инаку возењето во алкохолизирана состојба е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе