Две лица загинаа на новиот експресен пат Штип-Крупиште во тешка сообраќајна несреќа. Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми.
Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички. При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари.Надлежните од СВР-Штип најавија дека подетални информации за денешнава трагедија на експресниот пат Штип-Крупиште ќе имаат во текот на утрешниот ден.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.