Вести Најважни Свет

Индискиот сој на ковид има нови симптоми

Главоболка, болка во грлото, растечен нос и темепартура 38 е симптимите кои ги пријавувале заболените од индискиот сој на корона вирусот. Овие симптоми за разлика од британскиот сој кој се карактеризираше и со висока темепература и кашлица, губење на мирис и вкус, лесно ги лаже младите дека не станува збор за ковид, туку за посилна настинка. Токму поради тоа не се внимава, не се изолираат, и така го шират индискиот или делта сојот. Но, кај постарите, овие симптоми брзо ја влошуваат клиничката слика. Брзо се завршува во болница, а она што го прави попренослив и поопасен е што во себе акумулира неколку мутации, посебно во средина со мала имунизација.

Кога сте во ситуација да имате група на невакцинирани луѓе или ниско ниво на вакцинација и нема природен имунитет, може да излезе од контрола и да се прошири многу побрзо за разлика од оригиналната верзија на вирусот или британскиот, алфа сој. На ова навистина треба да се внимава за да се избегне работите да излезат од контрола кај невакцинираната популација, вели д-р Амеш Адалја, од клиничкиот центар Џонс Хопкинс. 

Моќта на ширењето на индискиот сој најдобро се гледа во Велика Британија, која со 60% вакцинирано население беше на прагот да ја победи короната, но сега е на почеток на третиот бран. За само една недела во Лондон, бројот на позитивни случаи се зголеми за 80%. Ова ги исплаши младите кои одбиваа да се вакцинираат. Засилената кампањата ги натера викендов да чекаат во долгите редици за имунизација.

Со нашите окални власти, како и со волонтерските организации заедно се трудиме да ни успее оваа кампања и да укажеме „ајде да се вакцинираме, да се вратиме на нормалниот живот“, вели д-р Јаган Џон, од „Норт ист клиника Лондон“

 

Навистина сум возбудена, ова ми е прва доза денеска, надвор имаше редица, но кога влегов внатре се возбудив – да.

Зошто делта сојот е попренослив не се знае се уште. Студиите велат дека промените на протеинот на сојот му овозможува полесно да навлегува во човечките клетки. Друга студија вели дека неговата мутација го прави помалку забележителен за човечките клетки и така го избегнува имуниот одговор.

Вакцинирањето останува најдобра заштита од делта сојот. Последните истражувања покажаа  малку намален процент на ефикасност од вакцините. Две дози на „Фајзер“ штити 79 отсто од зараза со делта сојот, а 88 отсто од симптоми ако дојде до инфицирање. Додека две дози од вакцината на „АстраЗенека“ имаат 92 отсто ефикасност во спречување на хоспитализација од делта сојот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе