Вести Македонија Најважни

Професор Трајковски: Опасноста од индискиот сој е можна наесен

Делта варијантата на КОВИД -19 или позната како индиски сој на вурусот забрзано се шири низ Европа, но и во соседство, па прашање на време е кога покрај двата изолирани случаи, ќе влезе на голема врата во  Македонија. Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, кој од почетокот на пандемијата изработува математичко-сатистички анализи,  вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се  поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските   навивачите кои отпатуваа во Романија  каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е  опсаноста Делта варијантата или Индискиот сој летово  да допатува со  дијаспората.

Во Швајцарија, Австрија, Италија, земји каде има македонска дисјаспора бројките забрзано растат. Што се донесува до Балканот, Делта сојот е секвнциниран во Грција со 10 случаи, Бугарија со 1 случај и особено за нас значајно во време на Европски шампионат со 22 случаи во Романија, 5 случаи во Словенија, а во останатите Балкански земји нема секвенционирани случаи.  Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која  е вистинската состојба во Србија, вели проф.др Дејан Трајковски, Технички факултет во Битола.

Иако летните  температури не се поволни за вирусот, опасноста може да дојде есенва.

Иако моментално веменските прилики не му годат на преносливоста на вирусот, но ако вирусот еднаш влезе во Макеоднија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на вакцинирансот и прележаност, се разбира, вели Трајковски.

Според  Трајковски, иако процесот на вакцинација е забавен поради недостиг на вакцини Македонија се уште има време да спречи есенски бран со кататсрофални последици,

Се уште имаме време доколку вакцините стигнат веднаш. Со темпо на вакцинирање од 15 илиади на ден тоа би одговралао на 450 илјади месечно, за два до три месеци кај нас  би можеле да се вакцинираат преку 1 милион лица. Но, поголем е проблемот колкав е интерсот на насалението  за вакциниација, дали ќе успееме да мотивираме да се вакцинираат 1,1 милион луѓе, затоа што само на тој начин ќе можеме да го спречиме избувнувањeто на нов бран на есен, вели Трајковски.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека 600 илјади вакцини, сто илјади на Фајзер и 500 илјади на Синовак, ќе пристигната во Македонија до крајот на јуни, по што масовната имунизацијата ќе продолжи со забрзано темпо. Тој ги повика граѓаните да се пријвувааз, затоа што посочи дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста и смртен исход, дури и од мутирнаите форми на вирусот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени три лица во пукање во шведскиот град Упсала

Дејан Дејан

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе