Подгоријата во струмичко привлекува се повеќе туристи, но кратко се задржуваат во регионот. Најчесто гостите на природните убавини под Беласица доаѓаат во еднодневни прошетки и си заминуваат. Ѓорги Маџаров работи во ресторан под Колешинските водопади. Смета дека доколку има повеќе сместувачки капацитети, ќе биде многу попосетено, но и поисплатливо.
За време на пандемијата водопадите беа една од најпосетените локации, а со олабавувањето на мерките на повеќе работа се надеваат и рестораните во околината, кои голем дел од времето поминаа без работа.
Последните неколку години во овој крај локалната власт се обидува да го промовира руралниот туризам и сместување во индивидуални домаќинства, но поради големата иселеност на локалното население, немаголем интерес за ваков тип бизнис.
Сузана Мицева