Култура

Приемот на ученици во “Лазар Личеноски” загрозен заради спорот на директорот со наставниците

79 кандидати утринава навремено пристигнаа во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ да го полагаат приемниот испит.

Во училишниот двор во исчекување беа нивните родители.

И покрај неизвесноста дали ќе бидат примени, се соочија со уште една нова ситуација дали има Комисија за истиот испит, затоа што претходно формираната петчлена комисија не беше таму со образложение: директорот Фидановски го крши законот бидејќи е празник и неработен ден.

“Двајца од нив ме информираа и поради кои причини, останатите тројца воопшто не ме ни информираа претпоставувам дека согласно законот и правилата ќе се преземат одредени мерки.

-Вие ги информиравте навремено ?

-Да,  уште на 2 јуни тие ги добија решенијата за да знаат кои им се работните задачи. Денеска сабајле формирав заменска комисија и денес сите се тука на своето работно место”

Според Филиповски, кој е воедно и член на комисијата која утринава не дојде на своето работно место ваквиот проблем е поради немање координација меѓу Министерството за образование и наука и актуелниот директор Фидановски.

Без оглед што крајниот рок е 21 јуни кога се објавуваат резултатите, државата има закони и тие закони треба да се почитуваат, вели Филиповски.

 “Знаете како 21 јуни е до 23:59 минути. Директорот доколку имаше капацитет можеше да го закаже приемниот испит наместо на Задушница во петок, во понеделник на 21 јуни и да си останат тие комисии кои ќе работат малку подоцна и кон крајот на денот да ги објават резултатите. Но со ваков диктаторски став, според негови лични вкусови поништува празник кој што е верски, само затоа што нему не му се допаѓа или он е друга структура,  не може” – изјави за Телма Димитар Филиповски, професор во ДСУЛУД “Лазар Личеноски”.

Според Министерството за образование и наука секое училиштето е надлежно за организација и спроведување на приемниот испит.

Во меѓувреме средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ е единствено во земјава кое запишувањето на ученици го реализираше со апликација  и онлајн без физичко присуство поради пандемијата и пропишаните протоколи, вели Фидановски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе