Вести Македонија Најважни

Заев во Софија: Да не дозволиме младите да ни се замразат

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска  престојува во работна посета на Софија.

Првата средба на премиерот беше со  со раководството на ГЕРБ и Бојко Борисов.

-Разговаравме дека многу е важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на Твитер.

Борисов се согласи дека треба да се формира форум на млади за соработка меѓу двете држави за да не се мразат во иднина, но сепак смета дека денешните средби на Заев ќе бидат без резултат, затоа што нема Парламент во Бугарија, а без Парламент не може ништо. Додаде дека притисок кај Бугарите не поминува, но се пофали дека без неговата влада немало да има ниту Преспански договор и перспектива на Западен Балкан во ЕУ.

Заев му се заблагодари нему и на министерката за надворешни Захариева за приближувањето  кон ЕУ и за разговорите кои ги водел со поранешниот грчки премиер Ципрас во Софија.

Инаку, доцна синоќа и бугарското МНР преку соопштение ја потврди изјавата на техничкиот премиер Јанев дека идната недела нема да даде зелено светло за Македонија за старт на преговорите со ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе