Култура

“History of motherfuckers” – премиера на битолскиот народен театар

Темите за вечната транзиција, човековото лицемерие, начинот на кој се подразбира демократијата  на Балканот каде работите  со децении остануваат исти, се дел од најновата премиера на битолскиот Народен театар , „History of motherfuckers“ работена според  „Кориолан“ на Шекспир, но во еден авторски амбиент на српскиот режисер Андраш Урбан.

„Претставата се занимава со онаа стварност која ние ја познаваме, не зборувам за македонската, туку она што го запознавме на овие простори кој понекогаш го викаме Балкан, Регион, а од друга страна и Европа. Тргнуваме од тоа како граѓанинот го доживува светот. Какво исксутво ни дала досегашната реалност.  Кориолан е приказна  од римско време и го носи во себе судирот на автократското и демократското. Во приказната и во претставата провејува односот кон демократијата“, рече режисерот Андраш Урбан.

Драматургот Ведрана Божиновиќ, вели дека голем предизвик е  да се работи претстава за демократија.

„Општеството се наоѓа во транзиција, а ние живееме во вечна транзиција веќе 20 години и знаеме одлично како тоа изгледа. Општеството се наоѓа во момент кога народот сака да владее. Ние живееме во време кога народот  одлучува дека работите ќе ги преземе во свои раце, а работите со години остануваат исти. Ова е приказна за држава која врз база на направените закони го отфрла поединецот надвор од државата“, рече Ведрана Божиновиќ, драматург

Ова е трета премиера на Народниот театар во оваа пандемиска година, а е закажана за вечерва.

Претставата ќе гостува на Охридско лето и на Шекспир фестивалот во Србија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе