Најважни Спорт Фудбал

Едно добро полувреме недоволно за позитивен резултат против Украина (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Европското првенство, откако денеска во Букурешт на „Националната арена“ загуби од Украина со 2-1 во рамки на Групата Ц.

Одигравме лошо прво полувреме во кое искреиравме само една шанса. Андриј Јармоленко погоди во 29-тата минута за водство на Украина, а само пет минути подоцна и Роман Јаремчук зголеми на 2-0. Горан Пандев погоди атрактивно со лоб во 39.минута, но неговиот гол оправдано беше поништен поради офсајд.

Македонија тргна силно офанзивно во второто полувреме со две напаѓачки измени како Александар Трајковски и Дарко Чурлинов. Аријан Адеми имаше одлична шанса на стартот, но голманот Георги Бушчан одбрани. Трајковски биеше прекрасно од далечина, но откако украинскиот голман одбрани, на топката натрча Пандев, кој беше фаулиран од Матвиенко, а аргентинскиот судија Рапалини покажа на белата точка. Алиоски ја презе одговорноста, а Бушчан одбрани, но за среќа топката повторно се одби до нашиот лев бек, кој од втора не погреши.

Трајковски биеше до далечина во 68.минута, но Бушчан одбрани. Украина доби пенал во 83.минута, кога Даниел Аврамовски играше со рака во жив ѕид, но Столе Димитриевски фантастично го одбрани ударот на Руслан Малиновски од белата точка. Притискавме до самиот крај, но не успеавме да извлечеме позитивен резултат.


Во последното коло во рамки на групата Ц, нашата репрезентација игра со Холандија на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам на 21 јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе