Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19 од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.