Економија

Владата идната недела ќе ги прими Коморите да расправаат за еколошката такса

Владата прифатила  средба со Коморите на која ќе се расправа за Одлуката за зголемување на еколошката такса. Од најголемата комора Стопанската Комора на Северна Македонија за Телма велат дека очекуваат средбата да се одржи во текот на наредната недела.

„Имајќи предвид дека енергенсите се неизбежна ставка во работењето на компаниите, сосема е јасно дека зголемувањето на еколошка такса од 3,5 денари, ќе ги зголеми трошоците на работењето и со тоа ќе ја намали ценовната конкурентност на домашните производи. Заради тоа цениме и побаравме од Владата да се отвори расправа со Коморите за ова прашање, што е и прифатено. Очекуваме во текот на следната недела на заедничка средба да се отвори расправа по Одлуката за зголемувањето на еколошка такса.“- велат од Комората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе