Македонија Најважни

Османи ќе реферира пред Комисијата за надворешна политика за преговорите со Бугарија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешна политика. На дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ минатата недела побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да реферира пред членовите на ова собраниско тело за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на ЕУ следната недела.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информира дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што рече, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

– Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне, истакна во интервју за Телма министерот Османи.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Османи, преку својот профил на Фејсбук, каде најави дека ќе вложи напори денеска да биде во Скопје и да зборува пред Комисијата, но исто така побара од Милошоски да го закажа продолжението на седницата на кое треба да реферираат идните македонски амбасадори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе