Македонија

Анкета на ИРИ: Подршката за влез во ЕУ и натаму висока, но опаѓа бројот на тие што веруваат дека сме блиску до тоа

Пристапувањето во Европската унија има 79 проценти поддршка од јавноста во земјава. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Северна Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година – кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти, покажуваат резултатите на истражувањето Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес, вели Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. За среќа, додава тој, ова не го намали нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ.

Прашани за најважниот проблем, најголемиот дел од граѓаните или 23 проценти ја наведоа невработеноста, како и пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против КОВИД-19 која како наголем проблем ја посочиле 22 проценти од граѓаните. Анкетата покажала дека граѓаните на Северна Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.

На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците или 53 проценти рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати, рече Мекарти.

Ова национално репрезентативно истражување било спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците биле собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Националниот примерок се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе и бил дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини.  Маргината на грешка за националниот примерок е плус или минус 2,8 процентни поени на средниот опсег на нивото на доверба од 95 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе