Економија Најважни

Од 1 јули еколошка такса за дизелот и бензините, цената се зголемува за 3,5 денари по литар

Граѓаните за две недели ги чека нафтен шок. Од први јули цената не само на дизелот туку на сите горива ќе оди фиксно по 3,5 денари нагоре. Толку ќе се плаќа за новиот – зелен данок кој владата веќе го пресмета со ребаланот на буџетот. Премиерот Заев потврди и дека од 1 јули ДДВ-то за електричната енергија се намалува од 18 на 5 проценти. Целта е да се амортизира ударот и врз буџетот и врз граѓаните од голем раст на цената на струјата.

Значи да имаме намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти и да имаме еколошка такса од 3,5 денари за делот на нафтата и бензинот, рече Заев

Математиката на Владата е за шест месеци од оваа такса да собере 27,4 милиони евра во буџетот. Или годишно во државната каса ќе се слеваат по 54 милиони евра. Ова е дел од владината програма за екологија. Целта е да се полни  еколошки фонд за се поддржат инвестициите во обновливите извори на енергија. Заев потенцираше и дека цените на нафтата и бензините кај нас се меѓу најниските во регионот.

Со порака да се откажеме од нафта и нафтени деривати и помалку нивно користење за да поминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, со тротинет, да се движиме почесто со електричните возила затоа што тоа го прави целиот свет, рече Заев.

Премиерот сепак не може да гарантира дека граѓаните од август нема да плаќаат повисоки сметки за струја бидејќи како што рече тоа не зависело само од него.

Не можам да гарантирам, оти Мицковски може да блокира одредени закони повторно во Собранието. Во вакви околности кога берзанските цени од 55 долари или евра по киловат и мегават сега се променети на 70 -75, ние како земја мислиме дка на излезот од корона кризата треба да направиме се да нема покачување на цената на струјата, барем не до крајот на оваа година, рече Заев.

Планот на Владата е 5%  ДДВ за електрична енергија да се плаќа до јули идната година, по што ДДВ-то ќе се зголеми на 10 проценти , а по јули 2023 година стапката пак треба да се врати на  18 проценти. Регулаторна на крајот на јули треба да пресече  дали и за колку проценти ќе се покачи ценатат на струјата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе