Свет

Бајден на средба со лидерите на ЕУ ќе ги обновува билатералните односи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се сретне со лидерите на Европска Унија во обид да се обноват билатералните односите и да се постигне примирје во трговската војна и 17-годишниот спор околу субвенциите за производителите на авиони.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го пречекуваат Бајден во Брисел.

Главна тема на состанокот се очекува да биде обновување на трансатлантските односи по „тензичните односи“ за време на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

САД и ЕУ меѓусебно се обвинуваат за неоправдана државна поддршка за двете најголеми авиокомпании во светот, европски Ербас и американски Боинг. Брисел и Вашингтон воведоа тарифи од повеќе милијарди долари за сите производи, но двете страни во март се согласија да ги укинат тарифите за четири месеци.

Друго клучно прашање на состанокот може да биде соработката во борбата против пандемијата со Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе