Вести Економија

Одгледувањето јагоди – спас за младите земјоделци

Наместо на печалба, или план за трајно иселување од родниот крај како што направија многу негови врсници, младиот од Габрово решил да гради живот во родното село под Беласица. Веќе три години сади јагоди на површина од половина хектар, на отворено. Вели дека работата бара трпение и знаење, особено затоа што јагодите се чувствителен производ, а и нема сезонски работници во испразнетиот подгорски регион.

За производството на отворено најтешко е влијанието на климата, вели Ѓорги. Кога се непогодни временските услови, производителите имаат многу повеќе грижа, но и трошоци за одржување на родот здрав и квалитетен. Сепак, искуството ги учи фармерите да се прилагодуваат и брзо да дејствуваат.

Последниве години во подбеласичкиот регион се зголемува интересот на локалното население за овоштарство, особено за овошје како киви, аронија, додека се намалуваат поврѓините со традиционалните плантажи со бостан.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе