Македонија

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје и да се обратам на собраниска Комисија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието. Побара од пратеникот Антонио Милошоски, претседател на Комисијата да ја закаже и седницата и да бидат избрани новите амбасадори.

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање, напиша Османи денеска на Фејсбук.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за кои премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски преговараат со Софија.

Милошоски, кој ова го објави на својот профил на Фејсбук, напиша исто така дека протестите на опозоциската партија продолжуваат и во понеделник и во вторник пред Министерството за надворешни работи од 17 до 19 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе