Свет

На последниот ден од самиот на Г7 фокусот ќе биде на борбата против климатските промени

На последниот ден од самитот на Г7 во Корнвол, во  Англија, шефовите на држави и влади на седумте најразвиени змеји во светот планираат да се фокусираат на расправата за борбата против климатските промени.

Домаќинот Велика Британија сака оваа средба на највисоко ниво да ја искористи да ги убеди седумте водечки економски сили во светот да се договорат за амбициозните климатски цели, кои потоа треба да бидат договорени на глобално ниво на Конференцијата за климатски промени на ОН во шкотскиот град Глазгов, во ноември.

Покрај Велика Британија и САД, во земјите на Г7 се вклучени и Германија, Франција, Италија, Јапонија и Канада.

Белата куќа вчера соопшти дека веќе се дооворени „конкретни мерки“, додава германската агенција.

Шефовите на држави и влади, меѓудругото, денеска планираат да се посветат на чекорите за ограничување на државните субвенции за фосилните извори на енергија, како што е јагленот. САД, Германија, Велика Британија и Канада, исто така, сакаат да им обезбедат на земјите во развој до две милијарди долари за да го забрзаат нивното постепено исфрлање на јагленот од употреба.

Белата куќа, исто така, наведува дека Г7 ќе ги координира нивните климатски цели, така што целта за ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени над прединдустриските нивоа, утврдена во Парискиот климатски договор, да остане „на дофат“.

Земјата веќе се загрева за околу 1,2 степени во споредба со прединдустриските нивоа.

Британската Влада доцна синоќа соопшти дека земјите од Г7 планираат секоја година да собираат 100 милијарди долари за финансирање на климатски иницијативи во земјите во развој.

На самитот земјите учеснички за првпат се обврзаа на неутрална клима најдоцна до 2050 година и ветување за посветеност да ги намалат емисиите на штетни гасови за помалку од половина до 2030 година во споредба со 2010 година, соопшти домаќинот, Велика Британија.

Конечната декларација се очекува да биде дотерувана до последен момент, пренесе ДПА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе