Радост, тага и надеж. Ова се емоциите кои преовладуваат кај граѓаните по воведниот натпревар на европското првенство во фудбал и поразот од Австрија од 3:1. Пред натпреварот расположението беше на највиоко ниво. Угостителите ги подготвуваа бавчите за да ги примат гостите кои денови наназад ги резервираа местата пред големиот екран. Фановите полни со ентузијазам пристигнуваа во се поголем број и со нетпрение го очекуваа стартот на натпреварот.
Неколку ветувачки напади на Македонија ја подигнаа атмосферата, но тогаш студен туш. Австрија поведе со 1:0.
Тагата траеше кусо.
Пандев ја предизвика еуфоријата.
Наредните половина час поминаа во исчекување на гол и нова радост.
Австрија повторно поведе, но тоа не ги обесхрабри навивачите. Песните и повиците не стивнаа а локалите ечеа од песната на навиначите.
Кога сите очекувавме дека ќе израмниме го примивме и третиот гол која го запечати натпреварот.
Разочарани, но далеку од поразени беа фановите. Со аплауз и овации го проследија крајот на натпреварот.
Иако очекувавме дијаметрално спротивен резултат, надежите не спласнаа. Играчите покажаа на теренот дека се сѐ освен аутсајдери и тоа го препознаа и гледачите пред телевизиските екрани. Украина ќе падне а ние одиме понатаму се очекувањата.
Огнен Чанчаревиќ