Економија

Рамномерен регионален развој со повластувања за странските компании што ќе се насочат надвор од Скопје

Со цел рамномерен регионален развој, државата започна да ги насочува странските компании надвор од слободните економски зони околу Скопје. За тие што ќе инвестираат во зоните надвор од Скопје се превидени повеќе сретства од државата , во однос на компаниите кои ќе инвестираат во зоните, во околината на главниот град.

Компаниите кои ќе решат да инвестираат во главниот град ќе имаат една предност помалку во однос на останатите. Значи, нема да бидат повластени како до сега ,значи разликата меѓу пазарната цена која што треба да ја платат за наем на земјиштето и повластената цена која што им ја нуди државата , ќе им се преметува во пакетот за државна помош, вели директорот на Дирекциајта на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Без разлика на локацијата  и на вложувањата во инфраструктурата, земјиштето се вреднува врз основа на приходот кој што го остварува компанијата. Тоа доведува граѓаните кои не живеат во главниот град да не- маат придобивки од странските инвестиции како жителите на Скопје, стои во спроведената студија на Дирекцијата на технолошки, индустриски, развојни зони за вреднувањето на земјиштето во слободните економски зони.

Компаниите во Скопје, односно во зоните во близина на главниот град приходуваат најмногу и тоа доведува вредноста на земјиштето да е значително повисока, десеткратно повисока отколку просечната вредност на земјиштето во останатите зони, вели Деспотовски.

Компониите веројатно користеле скриени субвенции, па до сега главно ги одбирале зоните во скопскиот регион, а причини плус се и главните комуникациски врски и објектите на надлежните институции со кои тие професионално соработувале, рече Деспотовски.За зоните околу Скопје се планира да се вклучат компании кои генерираат високи приходи и кои даваат повисоки плати, а за останатите компании останува натпреварот за другите слободни економски зони во земјава.

Државата до сега вложила 50 милиони евра во инфраструктурата во зоните, а остварила приход  од околу 43 милиони евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе