Фудбалската магија може да почне. Стотици милиони фанови наредните триесет дена со нетрпение ќе ги чекаат натпреварите на нинвите миленици, мал дел од нив во живо а другите пред телевизиските екрани. Првенството ќе го отворат репрезентациите на Италија и Турција кои ќе се судрат вечерва на стадионот „Олимпико“ во Рим. Дваесет и четири репрезентации во наредните триесет дена ќе се обидат да стигнат до финалето кое на 11 јули се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон и да го подигнат очајнички посакуваниот трофеј – првак на стариот континент.
За прв пат од осамостојувањето, на ова големо натпреварување настапува и фудбалскаста репрезентација на Македонија. Во групата „Ц“ ќе ги одмери силите со репрезентациите на Холандија, Украина и Австрија. Четата предводена од селекторот Игор Ангеловски и капитенот вонсерискиот Горан Пандев веќе трет ден е во Букурешт, каде што во недела на „Националната арена“ во 18 часот ќе го отвори првенството со натпреварот против Австрија. Вториот натпревар е во четврток против репрезентацијата на Украина а последниот натпревар се игра на 21 јуни, во Амстердам на арената „Јохан Кројф“.
Атмосферата во тимот е како никогаш досега исто како и самодовребата а очекувањата на фановите се големи, исто како и влогот, освојување на едно од двете места во групата кои водат во следната фаза и бараж натпревар.
Фудбалерите ќе ја имаат поддршката од над две илајди фанови кои имаа среќа и добија можност да купат билети.
Европското првенство ќе се игра во 11 градови во исто толку држави. Поради пандемијата на коронавирусот, натпреварите ќе се играат пред ограничен број на гледачи и стриктни ковид протоколиу како и брз тестови при влез на стадионот. Заради безбедност на гледачите УЕФА го ограничи капацитетот на стадионите на 33 отсто.
Според обложувалниците фаворит за освојување на пехарот е Франција а по неа се Англија, Белгија и Германија.
Огнен Чанчаревиќ