Грција не учествува на Европското фудбалско првенство, бидејќи не обезбеди пласман, но ќе се слушне нејзиниот глас и тоа нормално поради протест кон македонската фудбалска репрезентација. Грците имаат проблем со името на ФФМ
Грчката фудбалска федерација најавува протестно писмо до Европската куќа на фудбалот, УЕФА поради името на Фудбалската федерација на Македонија. Нашиот јужен сосед реагира поради амблемот на ФФМ што стои на дресовите на нашата селекција. Тие забележуваат на објавата на претседателот Муамед Сејдини на својот личен Фејсбук-профил, кога сподели информација дека Македонија ќе игра со старите дресови на Европското првенство. Според Грците, спорно е името на ФФМ, бидејќи не го содржи терминот северна.