Спорт Фудбал

Романците го зголемија капацитетот на стадионот во Букурешт, но УЕФА го има последниот збор

Романските власти одобрија зголемување на капацитетот на навивачи за натпреварите од Европското првенство што ќе се играат на „Националната арена“ во Букурешт.

Министерот за спорт и млади на Романија, Едуард Новак изјави дека трибините ќе бидат отворени со 50 отсто од капацитетот на стадионот, што значи дека на дуелите на македонската фудбалска репрезентација со Австрија (13 јуни) и Украина (17 јуни) ќе може да има по 27.000 гледачи.

Тоа секако беа добри вести за македонските навивачи, кои сакаат да ги гледаат натпреварите во живо, а не дојдоа до билети при продажбата во претходната фаза. Меѓутоа веднаш стигна и реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

УЕФА го има конечниот збор околу зголемувањето на капацитетот за навивачи на стадионот во Букурешт.

„Во моментот УЕФА останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот во Букурешт. Информациите од УЕФА ќе ги споделиме веднаш доколку има промена во однос на тоа прашање. До овој момент останува првичната бројка“, се вели во реакцијата на ФФМ.

Македонија ќе има околу 2.000 навивачи во Букурешт, но доколку УЕФА дозволи зголемување на капацитетот, тогаш оваа бројка ќе биде многу поголема. Нашите навивачи нема да можат да ја бодрат репрезентацијата само на дуелот со Холандија во Амстердам. Оваа земја не дозволува влез на македонски граѓани поради рекстрикциите за заштита од Ковид-19.

„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во државава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе