Вести Македонија

На последниот ден од учебната година учениците со очекување дека во септември ќе се вратат во училница

За основците и средношколците , денеска заврши учебната година. Властите задоволни –  онлајн наставата годинава била подобро спроведена од лани, кога започна пандемијата. Дел од учениците од средното земјоделско и ветеринарно училиште „ Браќа Миладиновци“, од Драчево,  сепак се надеваат дека од септември ќе посетуваат настава со физичко присуство.

Беше искрено потешко со онлајн настава , бидејќи не можевме некако да стигнеме со практикувањето на наставата. Со физичко присуство мислам дека подобро беше практикувањето на наставата.

Но, повеќето од соучениците на Исени не го делат неговиот став.

Јас поминав супер на онлајн наставата затоа што беше многу полесно за разлика од минатата година. Часовите се полесни, праќањето на домашните, комуницирањето со професорите затоа што минатата година немавме опција да се вклучиме на „ Микрософт Тимс“.

 

Мене ми се допаѓаше ваквата настава на далечина поради тоа што се беше компатибилно со условите со короната и мислам дека многу супер си поминавме.

Учебната година беше предизвик кој заеднички успешно го надминавме, рече министерката Царовска, при денешната посета на училиштето „ Браќа Миладиновци“, каде е обновена зоолошката градина и изграден систем за аквапоника, кој учениците го користат во практичната настава. Но, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат:

  • Практично, 15% од учениците не беа во можност да ја следат наставата онлај. Владата трошеше пари за разни тендери и бркаше провизии за вакцини, а не смогна сили да набави 15 000 уреди за учениците од социјално загрозените слоеви , за да не го почувствуваат товарот на сиромаштијата и да им овозможи достоинствено да ја следат наставата.

Министерката за образование најави дека наскоро ќе се одлучи дали следната година учениците ќе се вратат на училиште.

  • МОН заедно со Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, кабинетот на премиерот , разгледуваат кои се можностите да започне учебната година од септември, месец.Во моментот кога ќе има официјална информација , ќе биде соопштена до јавноста и тоа нема да биде во август, туку многу порано.

Заврши првиот, тече вториот, а ќе следи и трет модул- обука на наставниците во прво и четврто одделение, кои следната учебна година ќе предаваат според новата Концепција и наставни програми.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе