Вести Македонија

Барање за уривање на охридските дивоградби стигна и од Европската унија

Аларм за урбанистичкиот хаос со дивоградбите на Охридското езеро вклучи и  Европската унија. Евроамбасадорот Дејвид Гир, на Твитер порача дека, уникатното богатство што го поседува Охридскиот регион, мора да биде заштитето.Потенцира и дека, токму отстранувањето на дивоградбите значи владеење на правото.

„Нелегални градби не смее да има на охридското крајбрежје и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано. Со заштита на наследството на Охрид, ние исто така инвестираме во туристичката индустрија денес и во иднина, пишува Дејвид Гир на твитер.

Министерката за култура и градоначалникот на Охрид ова не го сфатија како критика за неисполнетите препораки од извештајот на УНЕСКО од пред три години, туку како поддршка. Дури и му се заблагодарија на амбасадорот на фејсбук.

”Поддршка и благодарност до оние кои му го враќаат мирот на Езерото, но и нашиот углед во УНЕСКО, напиша Ирена Стефоска, министерката за култура на фњејсбук. Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, пак,напиша дека е „особено  горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето„.

Засилените активности за отстранување на дивоградбите во и околу езерото, почнаа деновиве, откако УНЕСКО по вторпат објави извештај во кој се препорачува впишување на Охридскиот регион на листата на наследства во опасност. Реактивната мисија која лани го посети регионот, повторно  забележува дека,Охрид е во опасност и пишува дека, во последните три години не се завршени задолженијата побарани во 2017 година.

И државните ревизори во најновиот извештај бараат, долж езерото и националниот парк Галичица да се остранат околу 3 илјади дивоградби. Заклучно со минатата година, се поднесени барања за легализација на околу 20 илјади дивоградби. 30 проценти се одобрени, 20 проценти се одбиени, а останатите се се` уште во постапка. 416 дивоградби  од тие во постапка се на самиот брег, на 50 метри од езерото. Во границите на Националниот парк Галичица, пак, има 2.347 дивоградби. Најголем број од нив се семејни куќи и други помошни објекти, како и објекти за земјоделско земјиште.

Неодамна беше поднесен Закон за легализација на дивоградби,  но под притисок на јавноста беше повлечен на доработка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе