Спорт Фудбал

Барди: На ЕП ќе потврдиме колку навистина вредиме како тим

Македонската фудбалска репрезентација засилено се подготвува за дебито на Европското првенство и дуелот со Австрија на 13 јуни во Букурешт.

Вчера нашите фудбалери го имаа првиот тренинг и тоа на стадинот на „Стеауа“. Подготовките засега течат без проблеми, а играчите со нетрпение го чекаат стартот на турнирот.

Енис Барди навреме се опорави од коронавирусот и им се приклучи на своите колеги во тимот.

Пред се` би сакал да се заблагодарам многу на селекторот, моите соиграчи и федерацијата за поддршката што ја добив додека бев во изолација. Беше тешко, но се помина во најдобар ред. Не чувствувам никакви проблеми, се е во најдобар ред, подготвен сум и физички и психички за Европското првенство“, изјави фудбалерот на Леванте.

 

„Со нетрпение го очекувам стартот на ова првенство, сите сме максимално фокусирани на првиот натпревар против Австрија, селекција која ни е многу добро позната. Тоа што го постигнавме со селекцијата до 21 година во Полска е нешто незаборавно, но овој настап и овој турнир е нешто сосема различно. Не се чувствуваме како аутсајдери, тоа го докажавме и покажавме на претходните натпревари.

 

На ова Европско првенство ќе потврдиме колку навистина вредиме како тим. Ми претставува огромна чест што сум дел од оваа генерација која успеа да оствари историски успех, пласман на едно Европско првенство. Ќе дадам се од себе на секој натпревар, а на селекторот е да одлучи дали ќе играм од почеток. Треба да бидеме максимално концентрирани на секој натпревар и во текот на сите 90 минути”, заврши Барди.

Еден од помладите фудбалери, кои во иднина треба да бидат „костур“ на репрезентацијата, Тихомир Костадинов вели дека фактот што ривалите ја сметаат Македонија за аутсајдер е предност. Тој смета дека оваа репрезентација не е истата во споредба со онаа што загуби во Скопје со 1-4 од Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020.

Последните два контролни натпревари на националната арена, посебно мечот со Казахстан се одлична увертира за претстојното првенство. Овие две недели ги искористивме на најдобар можен начин што подобро да се подготвиме за натпреварот против Австрија. Секој меч на ова првенство ќе биде тежок, ова за нас претставува огромен предизвик, бидејќи ни е прво Европско.

 

Ги знаеме нашите квалитети, подготвени сме, ќе атакуваме на победа на секој натпревар. Најмногу жалам што нема да бидат исполнети целосно стадионите, но имајки ја предвид целата ситуација последните година и пол, добро е и ова што ќе имаме одреден процент на публика. Се надеваме на голема поддршка од нашите навивачи и знаеме дека ќе не бодрат на целото првенство.

 

Оваа репрезентација има голем напредок во однос на последната пресметка со Австрија. Расте самодовербата кај нас играчите, селекторот и целиот стручен тим. Ни одговара тоа што не сметаат за аутсајдери на ова првенство, тоа нас ни оди во прилог, опуштени сме, не чувстуваме никаков притисок. Оваа репрезентација поседува квалитет, на секоја репрезентација ќе и биде тешко да игра против нас”, вели Тихомир Костадинов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе