Вести Македонија

Неуспешен обид за утврдување кандидати за уставни судии

Комисијата за избори и именувања не успеа да ги утврди имињата на кандидатите за уставни судии. Неколку часа беа потрошени на процедурални забелешки и паузи. Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов, вели дека опозициските пратеници се обиделе да ја попречат работата на комисијата и да оневозможат донесување на дневниот ред. Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека власта се обидува да „протне“ некои решенија.

Кога ќе се отвори ова прашање во Комисијата, секој нејзин член има право да предложи кандидати за оваа функција. Единствени критериуми, според Уставот,  се: кандидатот да биде истакнат правник а да не биде член на партија.

Со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, Собранието треба да избере тројца уставни судии. Мандатот на претходните им заврши на први јуни. Уставниот суд може да работи и да носи одлуки со две третини од вкупниот број на судии, но поради неговата значајна функција, неопходно е да работи во комплетен состав.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе