Економија Најважни

Одземање лиценца или пријава – две опции се во игра за фирмите кои увезувале неквалитетен мазут

Две опции се во игра за фирмите кои увезувале неквалитетен мазут. Или ќе се соочат со прекршочни пријави или ќе им биде одземена лиценцата. Одлуките ќе ги донесе регулаторната комисија за енергетика кај која денеска пристигнаа анализите од лабораториите кои ги правеше државниот пазарен инспекторат. Од РКЕ за Телма велат дека ќе имаат вонредна седница за таа цел. Во меѓувреме Министерот за економија Крешник Бектеши повика и други институции да се вклучат во истрагата.

Вчера 360 степени објави дека пет цистерни со мазут минатата недела биле вратени на Царина. Имале повеќе вода од дозволеното и биле на фирмата Супертрејд. Од фирмата се јавија со реакција дека цариници земале примероци а не биле лиценцирани за тоа, а тие си направиле сопствена проверка во лабораторија во Бугарија и се било во ред со нивниот мазут. Индиректно денеска и Бектеши потврди дека оваа фирма се обидела да увезе сомнителен мазут.

Со реакција излезе и опозицсиката ВМРО ДПМНЕ. Побара одговорност од институциите кои набавувале мазут токму од Супертрејд.

Од десетте најголеми тендери за набавка на мазут во последниве три години, четири ги добила токму „Супертрејд“. Тоа се јавни набавки чија поединечна вредност достигнува и до 200 000 евра, а купувачи се болници и училишта. Дали Владимир Стајиќ ги труел граѓаните и продавал неквалитетен мазут на државните установи, кои плаќање стотици илјади евра?

Но продолжува и институционалниот молк за тоа кој на граѓаните им продава неквалитетни и штетни бензини и нафта на пумпи. Загадувачите што црпат профит на сметка на здравјето на граѓаните и чистиот воздух ќе бидат објавени во среда најави Бектеши. Првично се откриени три бензински пумпи со неквалитетен производ, но за имињата на фирмите било потребно да финишираат проверките.

 Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе