Жителите на истокот кон Европската унија патуваат низ прашина, одрони и свиоци. Магистралниот пат од Кочани до Делчево, а кој води до македонско бугарскиот граничен премин Делчево Станке Лисичков е опасен за сите учесници во сообраќајот, по него секојднево транзитираат камиони со стока која се увезува или извезва. Но по него поминува и итната медицинска помош. Жителите на Македонска Каменица и Делчево со години бараат да се реши проблемот со одроните, кои можат и со месеци да им го затворат патот.
Ова свлечиште стои од лани и се уште е активно. Првиот човек на претпријатието за државни патишта вели дека се уште бараат трајно решение за овој проблем.
Пред три години оваа делница беше санирана со три милиони евра, а за трајно решавање на проблемите со свлечиштата и одроните според калкулациите на експертите се потребни речиси осум милиони евра. За жителите на Делчево најдобро и најбезедно ќе биде да се изгради нов пат преку Калиманско поле, кој го користиле и пред половина век.
Викторија Јованова