ДУИ станува зелена партија.Ова е долго најавуваното изненадување на ДУИ кое Али Ахмети го соопшти на 19-от роденден на паритјата.Со зелената агенда ДУИ започнува нова политика за еколошка правда и квалитет.Ги повикаа сите институции да им се придружат со цел да станеме регионални и европски лидери во оваа област.
Македонија како Швајцарија.Модерна животна средина .чисти вода и воздух,планини и зелени полиња, енергетска ефикасност, модерни патишта, железници, болници и училишта. Сината боја ја замени со зелена. ДУИ од денеска, довербата на граѓаните ќе ја бара преку зелената агенда.Ова е изненадувањето што Али Ахмети го соопшти на 19 роденден на партијата. Задоволен од досега сработеното и реализирано, отсега натаму фокусот ќе им биде насочен кон климатските промени и животната средина. ,,Еден живот и едно сонце,ист воздух и вода, една земја и една планета делиме заедно, ќе биде мотото со кое ДУИ ќе настапи на локалните избори,,
Ахмети ги повика сите институции да им се придружат и посака да има повеќе инвестиции во животната средина.
Настапат на Ахмети наиде на критики кај опозицијата од албанскиот политички блок. На меѓународниот ден на животната среднина симболично истурија отпад пред ресорното министертсво со кое раководи кадар на ДУИ во знак на револт од лошото менаџирање со институцијата.
Овде сме пред Министерството за животна средина да им го пренесеме ужасот и смрдеата со кои се соочуваат граѓаните поради нивната неодговорна работа. Владата, Министерството за животна средина и другите одговорни лица, наместо да најдат трајни решенија за проблемите со големите диви депонии и мини депонии во секоја населба, тие бесрамно организираат промоции и прослави на овој ден што ги симболизира животот и здравјето. – Алијанса на Албанците
Реагираше и ВМРО ДПМНЕ: ,,Во недостиг на проекти и идеи, владејачката СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, ДУИ се враќа на корените во 2001-та година како зелена партија од горите и планините на Македонија. Очигледно е велат од ВМРО ДПМНЕ дека ДУИ веќе нема свежи идеи што да им понуди на граѓаните и е потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата.
Јулијана Пешевска