Крушево има потенцијал за изградба на патеки и развој на планинскиот велосипедизам. Ова се првичните проценки на тимот швајцарски експерти предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, кој во изминатите три дена ги анализараше терените на највискиот град на Балканот.
-Во Крушево гледам голем потенцијал за развој на планински велосипедизам. Имате многу убава природа, нашиот тим имаше непроспиени ноќи поради неограничните можности што ги видовме овде. Првично може да се започне со проектирање на почетнички патеки на планината, а потоа може да се изградат и поекстремни. Тука има секакви терени. Рамни, стрмни. Треба да почнеме што поскоро, штом ќе почнат да доаѓаат повеќе луѓе за да ги користат, ќе се создаде и потреба за повеќе патеки, изјави Ралф Неф, светски шампион во планински велосипедизам.
Иницијативата е на крушевските угостители, односно на менаџментот на хотелот Панорама. Целта е Крушево, освен што е препознатливо по параглајдерството, да се промовира и како атрактивна дестинација за планински велосипедизам, а годинава ќе се отвори и најголемиот адреналински парк со повеќе содржини.
– Основнa цел е да помогнеме на сите, не само на „Панорама“, туку и на приватните вили и останатите хотели, да го нудат сето ова како понуда и да може да оформираме повеќедневни аранжамни ,рече Кочо Стојчески, сопственик на Панорама.
Проектот се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.
-За време на на КОВИД пандемијата се покажа дека велосипедизмот е многу важна активност. Крушево нуди одлични услови за надворешни активности и покрај тоа што е познато место за параглјадерство, сега се промовира и како место за планински велосипедизам. Знаеме дека пандемијата создаде предизвици не семо тука, туку и низ целиот свет, но најважно е да се обезбеди сигурност на туристите во такви услови. рече амбасадорката на Швајцарија во Макеодонија, Сибил Зутер.
Тимот швајцарски експерти, по теренските активности, се враќа во Швајцарија, и веднаш започнува со изработка на план кој ќе го достави до иницијаторите. Првите патеки се очекува да бидат изгардени до крајот на август, а швајцарските експерти ќе бидат супервизори на проектот.
Емилија Мисирлиевски