Штипската невладина „Гласен Текстилец“ ќе иницира измени на Законот за прекршоци, бидејќи работодаваците прават злоупотреби и ги кршат основните работнички права. Отаму посочуваат дека на одредени работодавци полесно им е да платат глоба од 200 или 500 евра кон државата, отколку да исплатат плати и придонеси на работниците. Ќе се бара зголемување на глобите за ваквите работодавци.
Апсурдно е да не се исплатат две или три плати и придонеси за работниците, а работодавецот да плати глоба од само 500 или 200 евра, смета Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“. Токму поради ова ќе иницираат измени во Законот за прекршоци, бидејќи работодавците го изигруваат законот, а работниците остануваат без своите плати, кои мора да ги бараат преку судовите.
За иницијатавата за зголемување на глобите за работодавците, кои ги кршат основните работнички права, Гласен Текстилец веќе разговарале со министерката за труд и социјална политика и директорката на трудовиот инспекторат. Актуелен е случајот на 50 те работнички од штипската конфекција „Алкон текс“, кои минатата недела протестираа, го чекаат исходот и извештаите од институциите, бидејќи меѓу нив има работнички пред пензија и бремени жени.
Од Гласен Текстилец најавија дека за случајот на работничките од оваа конфенција ќе бидат известени и брендовите, странските партнери.
Викторија Димитрова Јованова