Вести Македонија

Кумановската болница искреира мој термин за офталмолошки прегледи на идните првачиња кои ќе се вршат до 31-ви септември

Поради новововедените задолжителни офталмолошки прегледи за сите дечиња кои запишуваат прво одделение и зголемената потреба од прегледи, болницата во Куманово успеа да искреира амбуланта за системот Мој термин.

Амбулантата во мој термин е со назив „Офталмолошка амбуланта за деца“, објави болницата на својот ФБ профил и наведе дека системот почнува да функционира од 2-ри јуни, а преку него матичните лекари и педијатри ќе ги упатуваат за преглед дечињата кои треба да се запишат на училиште.

Иако документите за прегледот се бараат уште при упис, поради големата потреба и гужва во очните амбуланти, рокот е продолжен.

-Превентивните офталмолошки прегледи за деца ќе се вршат до 31.09.2021 година. Не барајте само потврди, дечињата треба да бидат прегледани,за да благовремено се реагира доколку постои рефрактерна аномалија или друг офталмолошки проблем, извсети директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе