Македонија

Започна 9 Викенд на гордоста, а говорот на омраза кон ЛГБТ припадниците не се санкционира

Да профункционира новоформираната Комисија за заштита и спречување дискриминација, а и МВР да се вклучи во санкционирањето на говорот на омраза кон ЛГБТ заедницата , беше речено на вечерашното отворање на „Скопје Викенд на гордоста“

Во овој месец кога е „ Месецот на гордоста“, во кој, особено социјалните медиуми на интернет се преплавени со говор на омраза, кој што е застрашувачки.И овде мора како МВР, а особено одделението за електронски криминал да се вклучат активно во борбата и во санкционирањет на говорот на омраза , кој што може да репродуцира насилство во општеството против една така маргинализирана заедница, вели Славчо Димитров, куратор на „ Скопје Викенд на гордоста“.

Деветиот „Викенд на гордоста“ беше отворен со ретроспективната изложба „Заслепен од љубов“, на италијанскиот визуелен уметник со лондонска адреса, Франко Б. Тој го користи телото како метафора за општествената борба, креирајќи прикази за личното, политичкото и поетското.Поради здравствени проблеми уметникот не дојде во Скопје, но утре , во рамките на фестивалот ќе одржи онлајн предавање за неговата кариера.

Темата на ова издание на „Викенд на гордоста“ е „Настрано заедничко: политики на пријателство, љубов и афекти“.

Сакавме да го ставиме прашањето на заедничкото и на заедничките добра во фокусот на културните, воопшто и на политичките движења и стратегии на сексуалните и на родовите малцинската. Но, воопшто и како една лева политичка стратегија , која што ќе биде критички преиспитана, вели Димитров.

Фестивалската програма ќе трае до 9 јуни.  Вклучува перформанси, современ танц ,предавање,  музичка програма и изложба, со странски и домашни уметници. Покрај МСУ, настаните ќе се одржат во КСП-Јадро и во центарот Шортбас.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе