Вести Економија Македонија Најважни

Битиќи: Ќе сноси одговорност секој што направил пропуст со увезениот мазут

Владата вчера ги разгледала извештаите за увезениот мазут и индустриско масло, но дадени се насоки да се направи поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои увезувале во овој период.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска вети дека секој кој направил пропуст или злоупотреба ќе сноси одговорност без разлика дали се работи за институција или компанија.

– За жал, во првичните анализи се опфатени само дел од компаниите кои увезувале мазут или индустриско масло во периодот од последните две години. Дадовме насоки да имаме поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои имаат увезено мазут или индустриско масло и во моментот кога ќе ги добиеме сите информации, бидете уверени дека секој ќе сноси одговорност за тоа што го правел, без разлика дали е тоа Царинска управа, Пазарен инспекторат, Инсекторат за животна средина, министерство или компанија која увезувала, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата „Пејпер Мил“ во Кочани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе