Вести Македонија

Мицкоски обвинува за провизии за Клиничкиот центар, Филипче за мешање баби и жаби

Српската влада планира да потроши 125 милиони евра за Клинички центар во Белград,македонската влада над половина милијарда евра за Клинички центар во Скопје, обвинува  опозицијата. Мицкоски тврди дека Филипче и Заев сакаат да си стават во џебовите 400 милиони евра провизија, министерот негира. Вели – овие два проекти не може да се споредат.

Во однос на цената тој вели дека,  во физибилити студијата е јасно објаснето што значи висока комплексност на болница и колку чини квадратен метар кога се работи за нова градба и целосна опрема. Апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да прифатат да дискутираат и јавно да се вклучат сите фактори во овој процес – економисти, експерти од областа на здравството и финансиери, и да се дискутира за делот на урбаното планирање, наместо да се злоупотребува положбата во Парламентот и да се блокираат вакви закони.

Мицкоски му врати дека, центарот што се гради во Србија е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар, а чини четири пати поевтино.

ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на новиот Клиничкиот центар со 2 илјади амандмани во Собранието нарекувајќи го криминал во најава.Покрај цената, за нив се проблематични и имотно-правните односи, локацијата, но и самиот закон во кој велат дека не се  наведени никакви конкретни податоци, рокови, информации и планови.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе