Вести Македонија

Неизвесна јунската сесија

Ако не започнат колективни преговори за потпишување Колективен договор на ниво на работодавец, со кој ќе се подобри социјално- економскиот статус на професорите и другите вработени на сите единици на УКИМ, јунската сесија на најстариот Универзитет ќе биде одложена , зашто вработените ќе стапат во  штрајк. Ова го велат од Сојузот на синдикати на УКИМ, од каде на 27 мај упатиле писмено барање до Собранието како основач на Универзитетот и очекуваат одговор во рок од 7 дена. Според нив,  од како се формирала лани оваа синдикална организација, изготвиле Колективен договор и го доставиле до Собранието, но повеќе од 7 месеци не добиле одговор од надлежните органи.

Од тука трпението е веќе при крај кај вработените и членовите на синдикатот и токму затоа се одлучивме на овој чекор. Доколку не добиеме писмен одговор од страна на Собранието како основач на Универзитетот , ќе пристапиме кон предупредувачки мирен штрајк , кој зависно од нивната страна може да се пролонгира и за целата јунска испитна сесија , но исто така не ја исклучуваме  ни септемвриската сесија .

Од Сојузот на синдикати на УКИМ велат дека тие се репрезентативен синдикат за високото образование и дека гранковиот Колективен договор кој го потпишаа СОНК и МОН не ги изразува нивните интереси.  Тој синдикат ги застапува правата на вработените во основното и средното образование, сметаат од Сојузот на синдикати и велат дека зголемените плати на професорите во високото образование за околу 10% не се доволни и дека се помали и од платите на вработените на другите универзитети во земјава и во регионот.

Од МОН велат дека решение за репрезентативност во образованието има СОНК.  Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски во телефонски разговор за Телма рече дека Собранието треба да даде овластување за потпишување  на колективен договор на ниво на работодавец, за Сојузот на синдикати на УКИМ. А, од Собраниската комисија за труд и социјална политика со одговор дека до нив до сега не стигнало писмено барање од Сојузот на синдикати од УКИМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе