Српската влада планира да потроши 125 милиони евра за Клинички центар во Белград,македонската влада над половина милијарда евра за Клинички центар во Скопје, обвинува опозицијата. Мицкоски тврди дека Филипче и Заев сакаат да си стават во џебовите 400 милиони евра провизија, министерот негира. Вели – овие два проекти не може да се споредат.
Во однос на цената тој вели дека, во физибилити студијата е јасно објаснето што значи висока комплексност на болница и колку чини квадратен метар кога се работи за нова градба и целосна опрема. Апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да прифатат да дискутираат и јавно да се вклучат сите фактори во овој процес – економисти, експерти од областа на здравството и финансиери, и да се дискутира за делот на урбаното планирање, наместо да се злоупотребува положбата во Парламентот и да се блокираат вакви закони.
Мицкоски му врати дека, центарот што се гради во Србија е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар, а чини четири пати поевтино.
ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на новиот Клиничкиот центар со 2 илјади амандмани во Собранието нарекувајќи го криминал во најава.Покрај цената, за нив се проблематични и имотно-правните односи, локацијата, но и самиот закон во кој велат дека не се наведени никакви конкретни податоци, рокови, информации и планови.
Далиборка Демјанска Цветановска