Спорт Фудбал

Испуштивме победа против Словенија во 97.минута

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше 1-1 против Словенија на пријателскиот натпревар одигран денеска во Скопје на арената „Тодор Проески“.

Домашните љубители на фудбалот по подолго време можеа да ја гледаат репрезентацијата во живо на нашиот најголем стадион , а победата ни избега во последните секунди од средбата.

По првото полувреме немаше погодоци, а Елиф Елмас и Горан Пандев ги имаа првите шанси, додека најзрелата можност за гостите ја имаше Јосип Иличиќ. Елмас се покажа како ноќна мора за Словенците, бидејќи откако постигна два гола на натпреварот во евроквалификациите во победата од 2-1 и денеска се запиша во листата на стрелците.

Фудбалерот на Наполи прекрасно реагираше со волеј по центаршутот на Езгјан Алиоски во 55-тата минута погоди за 1-0. Можевме да го решиме натпреварот во наша корист, бидејќи не искористивме неколку шанси за 2-0, па казната дојде во финишот. Во 97-та минута од натпреварот, кога Домен Чрнигој погоди за 1-1.

Нашата репрезентација во петок ќе одигра уште еден контролен натпревар со Казахстан пред заминувањето за Букурешт и стартот на Европското првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе