Оставка на Владата и предвремени парламентарни избори побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оценувајќи го 4 годишното владеење на СДСМ и ДУИ. Македонија нема повеќе време за губење и продавање, Заев мора да си замине, вели Мицкоски. Партијата во моментов преговара со пратеници од коалицијата предводена од СДСМ за ново парламентарно мнозинство со цел да се иницира постапка за предвремени избори. Одговорноста за смена на власта е на опозицијата.
Како причини за предвемени избори ги наведе трговијата со името ,идентитетот, историјата, блокирани евроинтеграциски процеси, бесмилосно трошење буџетски пари,слаб економски развој, немање инвестиции, лоши реформи во образованието, здраството,културата.
Јулијана Пешевска