„Макпетрол“ АД, како општествено одговорна компанија, континуирано презема соодветни мерки за справување со актуелните еколошки проблеми. Овој пат, преку донација на урбано зеленило во хортикултурното уредување на јавна парк површина во град Скопје – Сквер кај Веро и ПП бригада во општина Карпош, „Макпетрол“ АД дава придонес кон подобрување на условите за урбано живеење и заштитата на животната средина.
Новозасаденото урбано зеленило донирано од страна на „Макпетрол“ АД, овозможува директни еколошки придобивки за градот и населението – намалување на загадувањето на воздухот, намалување на ефектот на „урбаните топлотни острови“, намалување на бучавата, со еден збор подобрување на условите во урбаната средина.
ЗА ПОУБАВ ГРАД – со оваа активност „Макпетрол“ АД, како компанија со високи критериуми за зачувување и унапредување на животна средина, уште еднаш ја демонстрира високата општествена одговорност воедно го потврдува лидерството преку проекти кои се грижат за идните генерации.