Вести Македонија

Пандемијата врати на Балканот над 40 отсто од луѓето кои работеа во западните земји

Пандемијата ги врати сезонските  печалбари дома. Речиси половина од нашинците кои со привремен престој работеа низ земјите од  Европската Унија,  за време на КОВИД кризата останаа  без работа и се вратија  во Македонија.  Иста е  сосотојбата и во соседните балкански држави. Сега од невалдиниот сектор велат, дека најголем предизвик е како овие, пред се млaди луѓе, да се задржат во земјава.

Има истражувања на Европската унија за шестте држави на Западен Балкан, каде стои дека близу 40 проценти од луѓето кои немале странско државјанство или кои што имале привремен престој во земјите на ЕУ се вратени во земјите на Западен Балкан. Најголем дел од нив се се` уште тука, со можности поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси“,  вели Сашо Додовски, директор на Младински културен центар МКЦ-Битола

Во очекување  да заврши кризата и да се отворат границите,  соочени со битка за егзистенција, голем дел од овие сезонски печалбари се обидуваат да се снајдат дома. Агенцијата за вработување, пред неколку дена ги реобјави активните мерки за вработување и ги повикаа невработените да ги разгледаат  можностите. Од таму велат, дека во Битола,најпопуларна е програмата за самовработување.

Во тек се огласите за самовработување, практиканство, субвенционирање на плати. Најмногу апликации иамаме за самовработување, и тоа со различни дејности. Интересот е голем и како регион сме познати по оваа мерка за самовработување и практиканство, вели Јешим Сејфуловска, раководител  на Агенцијата за вработување во Битола.

Според официјалните статистики за врме на пандемијата во Битола, бројот на невработени се зголемил за 1200 лица. И Младинскиот културен центар, со цел да им помогне на младите невработени лица да се спојат со работодавчите, го органзираше петиот  Саем на кариере, каде 25 компании понудија 200 работни места

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе