Вести Економија

Земјоделците од струмичко Вељуса бараат да запре дивеењето по нивното поле

Со трактори и транспаренти жителите на струмичко Вељуса излегоа денеска на сред село и побараа заштита од надлежните институции за да запре дивеењето по нивното поле. Земјоделците од овој крај велат дека организирани групи крадат и дивеат по нивите, уништувајќи ги и посевите.

Тасев вели дека не се чувствуваат безбедни на сопствените имоти, затоа што досега имало многу инциденти.

Поради секојденвните кражби, тукашните земјоделци велат дека се откажале од раноградинарско производство, се преорентирале кон овоштарство, но, големи штети имале и врз овоштарниците.

Според изјавите на жителите, кражбите и штетите по полето ги прават групи од блиското село Баница. Со случајот е запознаена и струмичката полиција и општината, но засега нема донесена одлука како ќе се делува.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе