По кратко боледување денеска во Охрид почина Димитар Николов – Таки, познат културен деец, филмски продуцент, менаџер и директор на филмскиот фестивал „Манаки“.
Николов е роден на 10 февруари 1958 година во Скопје. Заврши гимназија во „Цветан Димов“, во скопската населба Чаир, каде што и живееше. Дипломираше на Историја на Филозофскиот факултет во Скопје.
До 2000 година живее и работи во Амстердам, по што се враќа во Македонија и продуцира неколку филмски проекти меѓу кои и филмовите „Тајната книга“ (2006), сценарио на Јордан Плевнеш и режија на Владо Цветановски, „Ах љубов моја“ (2007), „Жената на мојот живот“ (2015), дел е од продукцијата на уште неколку балкански и европски филмски остварувања. Во 2017 година беше директор на интернационалниот фестивал на филмската камера „Манаки“.