Економија

Протестот на текстилните работнички од „Алкон текс“ ќе продолжи наредната недела

Текстилните работнички од конфекцијата „Алкон текс“ не попуштиле под притисок, туку денешниот протест пред фабриката го откажале поради временските прилики. Протестот на 50-те работници, ќе продолжи наредната недела.

Овие работнички  се на принуден одмор и си ги бараат платите, како и да продолжат како вработени на неопределено, а не на определено време во друга фирма. Чекаат и одговор од инспекциите, кои деновиве влегле во фабриката.

-Се уште очекуваме одговор од институциите, кои ги повикавме, да излезат на терен да ја проверат состојбата и да дадат извештај за нивната работа, што имаат пронајдено и кој е следниот чекор. Се додека не добиеме извештај од нив ќе протестираме, за да ги оствариме своите права, вели Кафтанова.

Од Гласен Текстилец велат дека ова не е изолиран случај, со вакви проблеми се соочуваат и работнички од други конфекции во Штип, но и во соседните градови.

Текстилните работнички  добија поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе