Ковид19 Македонија Најважни

Свадби потворно ќе има, баз маски на отворено- препорака на здравствената Комисија

Само уште три дена полицајци ќе ловат луѓе кои надвор на отворено не ги носат маските соодветно, особено онаму каде што е најраздвижено. После први јуни, една од главните превентивни мерки повеќе не е во важност. И тоа не е единственото олеснување на рестриктивните мерки. Иако полицискиот час се уште ќе продолжи да важи како главна мерка – со која се ограничува движењето на граѓаните – ред други релаксирања на затегнатите мерки ќе значат и потсетување на старата реалност. Свадби потворно ќе има, но според протоколи и со ограничен број на гости – сто и само со 50% од достапниот простор во отворените градини.

Венко Филипче – Министер за здравство: „Предложено е да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот. Ќе им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.“

Ова се мерките испратени од Комисијата за заразни болести утрово – до Кризниот штаб во Владата кој треба само да ги усвои истите. Со тоа, од први јуни стапуваат на сила истите. Здравствените власти ги правдаат овие одлуки со стабилизирањето на епидемиолошката состојба и падот на бројките на новозаразени. А, во меѓувреме додека се олеснуваат мерките, во пунктовите секојдневно се одвива авакцинацијата. Бројчаникот на официјалната страница за Ковид-вакцинација во земјава покажуваат дека има 231 илјади вакцинирани граѓани. Заклучно со вчера се 54.600 лица ги примиле и двете дози од вакцината. Вчера се аплицирани речиси 12 илјади граѓани низ пунктовите во земјата.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе