Дигиталниот сертификат за вакцинација доцни поради технички доработки. Македонија дефинитивно нема да ги ревакцинира своите граѓани под 60 години кои ја примија вакцината на Астра Зенка во Србија а за оние кои ги исполнуваат условите, односно се над возрасната граница од 60 се отвара сајт ревакцинација.мк каде треба да се пријават за да бидат вакцинирани во Македонија. Летово ќе се прецизира протоколот за работра за да може од септември да се отворат училиштата и не се исклучува можнопста за вакцинација на учениците од 12 до 16 годишна возраст.
Македонските државјани кои се вакцинираа во Србија со „Астра Зенека“ и кои ги исполнуваат нормите на здравствените власти односно се над возрасната граница од 60 години ќе се ревакцинираат во Македонија и за таа цел за нив ќе има посебен сајт „ревакцинација.мк“ каде што треба да се пријават. Македонските државјани пак кои се под возрасната граница ќе мора да одат во Србија на ревакцинација и потоа да се пријават кај матичните лекари за да бидат евидентирани како ревакцинирани и внесени во системот. Зошто и по речиси три месеци Србија не ги достави списоците на македонските државјани вакцинирами таму, одговор нема.
Иако беше најавено за оваа недела, на дигиталните сертификати односо „зелен пасош“ ќе мора да се почека уште малку.
Институтот за јавно здравје во неделниот извештај од 23 мај препорача дека може да се отворат основните и средните училишта но здравствените власти се на ставот дека епидемијата има добар тек, училишниот процес добро се спроведува а во текот на летните месеци да се прецизираат протоколите за да може од септември да има физичка настава. Филипче не ја исклучува можноста за вакцинација на учиниците од 12-16 годишна возраст со вакцината на „Фајзер“ која не би била задолжителна.
По ова прашање се огласи и премиерот Заев кој истакналично е за физилчка настава од септември и додаде дека иако сега е стабилно се ќе зависи од состојбата кон крајот на август.
Огнен Чанчаревиќ