Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска ги почна подготовките за настап на Европското првенство. На првиот тренинг селекторот Игор Ангеловски ги немаше на располагање сите повикани играчи, кои поради обврските кон своите клубови ќе пристигнуваат во Скопје во текот на следниве денови.
Нашите најдобри фудбалери до заминувањето за Букурешт ќе тренираат во Скопје, а предвидено е и да одиграат две контролни средби со селекциите на Словенија и Казахстан.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.